Манастир на Majката Божја од Лесна – Нормандија

лесна

Манастирот Лесна во Провемонт, Франција оригинално е создаден пред речиси 100 год во чест на светата Икона на Мајката Божја од Лесна.
Манастирот најпрво бил основан во Лесна, Белорусија. Оваа област пострадала духовно од насилство и присила луѓето да ја променат својата вера. И кога повторно попаднал под Руско владеење, било одлучено да се отвори женски мисионерски манастир кој ќе даде пример за живо Православие, способно повторно да ги привлече под закрила на Црквата,оние што станале унијати, и во исто време да се грижаат за чудотворната икона на Мајката Божја од Лесна.
Духовно посветената Грофица Евгенија Борисовна Ефимовскаја, во монаштво Катерина, станала првата игуманија на манастирот на возраст од 35 години.Таа студирала литература на Московскиот универзитет и напишала некои брошури и артикли на православни теми, мегу нив “За Ѓаконството“ и “Христијански Аскетизам“.

хобово

                                                                Раните години
Под мудрото водство на игуманијата Катерина, монашкото сестринство пораснало и во рок од 30 години станало познат центар во Православието. Задолженијата биле различни и варирале, а вклучувале и згрижување на сирачиња. Понекогаш имало случаи во кои и до 400-тини девојки се образувале во манастирот. Надарените девојчиња од сиропиталиштето влегувале во специјалното училиште на манастирот и се квалификувале во учителки за основно училиште. Помалку интелектуалните биле подготвувани за други професии.
Активностите и достигнувањата на игуманијата Катерина и нејзините соработници во манастирот Лесна се прочул дури во места како Варшава, Москва, Петроград. И од сите места пристигнувала помош во Лесна. Еден од добротоворците на манастирот бил и св. Јован Кронштадски кој бил во блиозок контакт со манастирот до крајот на својот живот.
Св Јован бил познат по извонредната способност за фигуративен говор и пишување, и со својата прозорливост. Тој ја споредил Лесна за пчеларник, во кој одгелдувале пчели кои одлетуваат за да формираат нови колонии на друго место. Неговата метафора станала реалност и многу руски и покасно српски манастри се создадени низ годините од монахињите од Лесна.
Игуманија Катерина, имала желба да има можност да посвети време на повисоки духовни аспирации, затоа решила да се повлече во 1908 година и да го предаде на водење Манастирот на нејзината блиска соработничка, мајка Нина. Желбите на првата игуманија сепак не се исполниле во целост, и до нејзиното упокојување имало две игумании во манастирот, кои работеле во совршена заедница една со друга. Мајка Катерина се грижела претежно за духовната страна на животот во манастир, а мајка Нина била ангажирана околу практичните и економските проблеми.

Манастирот бил опкружен со мочуриште што создавало и хигиенски и економски проблеми. Мајка Нина смислила план за одводнување на мочуриштето и поставување на систем за вода кој ќе се користи. Резултатот бил систем на рибници, кои ќе служат како резервоари за наводнување на градини, кои имаат не само практични, но исто така, голема естетска вредност.
Манстирот имал шест цркви. Во величествената катедрала која е посветена на Воздвижение на Крстот, биле сместени чудотворни икони. На некои празници, сите цркви заедно не биле доволни за да ја соберат големата бројка на верници кои понекогаш достигнувала и до 30.000 души. За да се надмине овој проблем, мајка Катрина поставила темели на отворена црква во која олтарот бил под небото, и која немала ѕидови.
Пред Првата светска војна, односно, за помалку од триесет години откако бил основан Манастирот – имало повеќе од 400 монахињи во Лесна, повеќе од 100 вработени, а речиси 700 деца под грижа на манастирот. Заедницата се развила во една голема населба која се наоѓала на околу 120 акри земја (воглавно исцедено мочуриште), имала голема фабрика за млечни производи, една фабрика за сирење, мала пилана, фабрика за тули, голем број на објекти за живеење, училишта и амбуланти кои не служеле само за монашкото општество, но и за околните населенија. Сето ова било постигнато со благословот и благодатта на Богородица.

                                                      Преселувања во Странство
Во 1915 год. како што се приближувал фронтот, било одлучено да се направи евакуација, и сестрите биле подложени на долго и напорно патување во потрага по нов дом. По две години во Св. Петерсбург и четири години во Романија, мајките Катерина и Нина одлучиле да побараат помош од српскиот крал Александар – вистински пријател и заштитник на Русите. Кралот Александар ги советувал да го преместат нивниот манастир во Југославија и да ги продолжат своите достојни подвизи на српска територија.

Во есента 1920 година епископот Доситеј ги пречекал 62-те калуѓерки од Лесна во Белград и го изразил своето задоволство поради фактот што еден манастир бил востановен во земја каде што немало манастири дури од времето на турската окупација. Првите месеци заедницата престојувала во манастирот Куведжин; а потоа се преселила во Хопово каде што останала повеќе од 20 години, до германската окупација.
Хопово, бил изграден во 16 век, се наоѓа во живописна долина меѓу пошумени планини. Како и во Белорусија, на манастирот Лесна главни активности му биле околу гледањето на сирациња, едукацијата на деца, помагањето на оние кои имаат потреба, и се разбира истовремено одржување на монашката традиција.

Во 1925 година, неворојатните и богати достигнувања од земните денови на игуманијата Кетерина тивко дошле до својот крај, и игуманијата Нина продолжила да го води манастирот со целосна одговорност. Иако изнемоштена и со нарушено физичко здравје, таа поседувала прекрасна духовна сила. Животот во Хопово се свел на редовен ритам. Руски и српски жени пристигале и се пронаѓале во новиот и исполнет живот во монашкото општество. Целата атмосфера била исполнета со луѓе кои доагале во Хопово оптоварени со световни страдања, или во потрага по духовно богатство,.

Потоа Втората светска војна со својот терор се ширел како една темнина врз Европа. Хопово живеел со повлекувањето на српската војска и германската окупација. Наскоро хрватски војници ја зазеле сопственоста над манастирот. Во тоа време околните шуми биле полни со партизани – Србите бегале од Хрватите кои се криеле во манастирот, и постојано пукале во шумата, така што монахињите кои работеле во градината, постојано биле изложени на истрелите на огнено оружје.

Хрватите ги принудиле монахињите да работат за нив, а во исто време ги прогонувале на секој можен начин; тие конечно пробале да ги иселат од Хопово сите заедно. Но, Мајката Божја ги заштитувала нејзините: преку интервенција на германските власти заканата за иселување била откажана и монахињите продложиле со својот живот. Зимските тешкотии им отстапиле место на немирната пролет. За време на Страстната седмица комунистите дошле и го опустошиле манастирот и ги уништиле сите објекти со исклучок на црквата – најважниот дел на манастирот бил поштеден. Пријателски настроените срби во околните села им дале сместување на монахињите кои продолжиле да одат на работа во градината на манастирот и да ги вршат службите во црквата. Сето ова продолжува се додека еден ден по Велигден 1943 година, Германците не наредиле нивна евакуација од Србија.

Околу еден месец монахињите биле во карантин, а потоа им бил даден оддел во еден дом за стари лица, кој се наогал во предградието на Белград. Иако некои нашле работа како куќни помошнички сепак нивните приходи не биле доволно големи и монахињите гладувале. Американските воздушни напади биле честа појава во тоа време. Монахињите биле во близина на нивната света икона и се потпирале на заштитата од Небесната Царица, тие не биле повредени откако шест бомби паднале во домот, но ниту една не експлодирала. Германскиот офицер кој дошол со своите војници да ги отстрани неексплодираните бомби, извикал: “Ова е чудо и јас не верував во Бог!”

До крајот на 1944 година зградите на домот, биле многу оштетени поради што не било можно повеќе да се остане таму. Како што се приближувале комунистичките сили, повеќето од белградските руси биле во бегство, (бегалскиот круг за сместување во центарот на градот, бил дом на руски студенти кои избегале) руските студенти ги остивиле нивните домови на монахињите. Благодарение на староста и слабоста на мајка Нина, како и на неколку други монахињи, нивната брза евакуација не била изводлива, и тие останале таму под советска окупација.

Следувале тешки денови, но со помош на Господ и на побожните срби и руси, монахињите се чувале. Тие работеле како слуги или негувателки, давале лекции по веронаука, англиски и француски јазик, воедно грижејки се за старите и изнемоштени лица. Во тие страшни времиња многу семејства биле растргнати, некои од нивните членови биле уапсени или депортирани или лежеле во локалните затвори. Во манастирската црква непрестајно се служеле молебени..

Во 1949 година игуманијата Нина заболела од ангина пекторис, а на нејзино место била ставена игуманија Теодора (Принцезата Лвова) која била во манастирот веке 21 година. Кога животот во Белград станал неподнослив, игуманија Теодора продолжила да бара начини да ја напушти Југославија, и во август 1950 година, манастирската заедница заминала во својата нова држава во Франција.

Во првите четири месеци монахињите од Лесна срдечно и гостопримливо биле примени од некои католички калуѓерки во нивниот манастир во St. Cloud. Потоа се преселиле во Fourqueux, недалеку од Париз, во голема куќа која служела како католичка богословија пред војната. Било вложено многу напор за да се направи добро за живеење. Скапоцена помош, и во работна сила и во материјали добиле од русите кои живееле во Франција, како и од католичките калуѓерки и соседи. Монахињите работеле напорно за да ја посеат градината со овошки. Тие чувале кокошки, кози и имале околу 40 пчелни семејства.

По многу тешкотии, сепак животот во манастирот почнал да тече во нормален тек. Редовните служби, вклучувајќи ги и секојдневните Литургији, се одржувале од страна на јеромонахот Нијандор – кој му служел на манастирот уште во Хопово – и јеромонахот Тимотеј, двајцата од манастирот од Валаам. Понекогаш владиците Леонтиј и Натанаил, а подоцна архиепископ Јован (Максимович) и Антони (Женева и Западна Европа) служеле во црквата во Fourqueux.

олтар

                                                                   Лесна Денес

Но, талкањата на манастирот на Пресвета Богородица од Лесна , се уште не биле при крај, се чинело дека Богородица не сакала Fourqueux да биде нејзин постојан дом. Семинаријата била вклучена во програмата за урбаниот развој, која го лишувала манастирот од градината која им била многу потребната. Во пролетта 1967 година нов дом бил формиран во Provemont, околу 65 милји од Париз, во форма на замок со околни згради кое било голема радост на монахињите, тука била вклучена и 200-годишната католичка црква, сето тоа лежело на земјиште од 30 акри. Повторно многу напор бил вложен да се донесат зградите во ред, особено црквата која била запоставена.
Во октомври истата година, чудотворната икона била свечено однесена во новиот дом -во големата сала на замокот, која била претворена во капела бидејки обновата на црквата се уште не била завршена. Помалку од една година покасно, сепак на празникот на иконата од Лесна, црквата била осветена од страна на Архиепископот Антониј од Западна Европа.
Под заштита на својата света икона манастирот го продолжил циклусот на служби. Вечерната се читала во 4:30 часот во мал параклис во главната куќа. Литургија се служела секојдневно од страна на архимандритот Арсениј. Утрената се одржувала во 5:00 часот. Овие служби се одржувале во големата црква која е украсена со икони во античкиот руски стил, заслуга на една од калуѓерките, Мајка Флавиана (упокоена). Вечерна се служела во малата капела, а после тоа била вечерата. Сите служби се вршеле на црковнословенски јазик.
Манастирот има големи градини со овошје и зеленчук и со уредно исечени грмушки и разни цветови. Игуманијата ги благословувала послушанијата во куќата за гости. Сестрите исто така, се грижеле за пчели и кокошките, прават просфори, шијат одежди, цртат икони и се борат во канцеларијата со најновите бирократски документи испратени од страна на социјалистичката француска влада. Гостите имаат заедничка трпеза со сестрите три пати на ден.
Во декември 1976 година, по подолго боледување, Игуманија Теодора се упокоила, и мајка Магдалена, нејзина духовна ќерка и помошничка веке 20 години, станала четврта игуманија на манастирот. Под нејзиното строго но љубовно водство манастирот продолжува со своите вековни традиции, и станува духовен центар кој се грижи за потребите на голем број верници од сите делови на светот. Некои доаѓаат на служби; некои доагаат за духовно надградување и освежување, или едноставно да се избега од бесцелното трчање од надворешниот свет.

монахини

Лесна има неколку врски со минатото, иако духовните врски остануваат. Последната монахиња што влегла во манастирот, додека манастирот бил всушност во Лесна починала во 1983 година . Само две монахињи има кои влегле во Хопово. Постојат осум замонашени монахињи (мала схима); пет расофорни монахињи и четиринаесет искушенички- вклучувајќи сестри од Германија, Англија, Австралија, Советскиот Сојуз и САД.
Иако можеби е претерано да се алудира за целосна монашка преродба, се уште може да се “види јасно плодот на семето засадено во Лесна: иако раселени сериозно намалени, па дури и пробиени надолу, манастирот ги чува своите корени недопрени и продолжува да цвета пред Бога, дури и во нашето време на духовна суша.
Превод од англиски И.Г

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s