Божјиот Благослов – Самиот Господ прави чуда

 

troitsa01

 

Нашата приказна не носи во Драма, Грција за време на тешките години од Нацистичката окупација. Зимата од 1941 година беше многу сурова.
Еден од моите соседи, Танасис (Атанасиос) кондураџијата, едно многу ладно утро тргна на работа во својот дуќан. Тоа беше некаде после 8.30 сабајлето, кога беше дозволено да се движаат лугето.
Тој имаше многу убава навика. На патот кон работата, тој сопираше пред Црквата на Св. Никола која се наоѓаше на Градскиот плоштад, запалуваше свеќа и им се поклонуваше на Иконите.
Кога стигна пред Црквата тоа утро, тој забележа полу гол човек кој седеше на скалите и се тресеше од јака треска.
“Помогни ми“, тој му рече. “Се змрзнав до смрт“
Без двоумење Танасис ја соблече овчјата кожа која бече на неговиот грб и со неа го завитка непознатиот човек
“Ви благодарам многу“ рече човекот. Нека Господ те благослови во изобилие. “
Танасис влезе во Црквата, и бараше свеќа да запали но не најде ниедна.
Откога им се поклони на иконите, тој излезе од Црквата, се прекрсти.
Пред да тргне накај неговиот дуќан, се сврте да го побара несрекниот човек, но не го здогледа никаде.
Што беше зачудувачки, овчјата кожа бече оставена на скалите!
Зачуден, тој бараше на лево и десно, и не здогледа ниеден, се наведна, ја зема овчјата кожа и ја наметна на своте рамења, бидеки тој исто така се тресаше од ладното.
Овчјата кожа се беше потопла од бања, како што тој самиот покасно велеше.
***
Бидејки беше многу ладно тој ден, никој не влезе во неговиот дуќан.
Околу 3 часот , тој ги повлече на доле ролетните и замислено замина накај дома.
“Боже Мој, што ке јадеме денес? Трите мои деца, жена ми, мојата болна баба, на жена ми мајка и и многу други. И што да правам со ова овчја кожа, која ме топли многу? Што бидна со стариот човек? Зошто тој стана и замина наеднаш? “
Со тие мисли во главата, се врати дома. Куката беше топла и на масата беше поставено јадење од пржени тестенини.
“Од кај е сето ова? “ Тој запраша со чудење.
“Дојди и види“ му одговори неговата жена. “Погледни во нашата остава! Кога појдов таму оваа утро, Јас го најдов овој голем сад наполнет со пченкарно јадење, и оваа шише наполнето со зејтин. И не само тоа, под скалата, има две грстидрва за оган – доволно да не прекара на овој ладен зимски ден. Се прашувам, како овие нешта се најдоа овде? Кој ги донесе Танасис? “
И овој добар Хрстијанин одговори:
“Господ самиот прави чуда, моја жено. Но да не спомнеш ни збор на никому за ова, во спротивно ке ја загубиме Божјата благодат..“
***
И така немаше недостаток од брашно, зејтин, сол и дрва за огнот во тие страчни денови за време на Окупацијата.
Но не траеше долго. Само четиринаесет месеци. Бидејки толку долго несреќната жена на Танасис молчеше за оваа благодат од Господа. Само што се пофали на нејзините соседи на кои им помагаше од состојките дека Господ и ги оставаче во нејзината остава, Божествениот дар дојде при крај.
————
(*) Презвитер Стефанос К.Анагностопулос, Духовни рефлекции на Блаагодаттта ( на грчки) ( Пиреја2009, стр 246-248.

 

 

Превод: И.Г.

Манастир на Majката Божја од Лесна – Нормандија

лесна

Манастирот Лесна во Провемонт, Франција оригинално е создаден пред речиси 100 год во чест на светата Икона на Мајката Божја од Лесна.
Манастирот најпрво бил основан во Лесна, Белорусија. Оваа област пострадала духовно од насилство и присила луѓето да ја променат својата вера. И кога повторно попаднал под Руско владеење, било одлучено да се отвори женски мисионерски манастир кој ќе даде пример за живо Православие, способно повторно да ги привлече под закрила на Црквата,оние што станале унијати, и во исто време да се грижаат за чудотворната икона на Мајката Божја од Лесна.
Духовно посветената Грофица Евгенија Борисовна Ефимовскаја, во монаштво Катерина, станала првата игуманија на манастирот на возраст од 35 години.Таа студирала литература на Московскиот универзитет и напишала некои брошури и артикли на православни теми, мегу нив “За Ѓаконството“ и “Христијански Аскетизам“.

хобово

                                                                Раните години
Под мудрото водство на игуманијата Катерина, монашкото сестринство пораснало и во рок од 30 години станало познат центар во Православието. Задолженијата биле различни и варирале, а вклучувале и згрижување на сирачиња. Понекогаш имало случаи во кои и до 400-тини девојки се образувале во манастирот. Надарените девојчиња од сиропиталиштето влегувале во специјалното училиште на манастирот и се квалификувале во учителки за основно училиште. Помалку интелектуалните биле подготвувани за други професии.
Активностите и достигнувањата на игуманијата Катерина и нејзините соработници во манастирот Лесна се прочул дури во места како Варшава, Москва, Петроград. И од сите места пристигнувала помош во Лесна. Еден од добротоворците на манастирот бил и св. Јован Кронштадски кој бил во блиозок контакт со манастирот до крајот на својот живот.
Св Јован бил познат по извонредната способност за фигуративен говор и пишување, и со својата прозорливост. Тој ја споредил Лесна за пчеларник, во кој одгелдувале пчели кои одлетуваат за да формираат нови колонии на друго место. Неговата метафора станала реалност и многу руски и покасно српски манастри се создадени низ годините од монахињите од Лесна.
Игуманија Катерина, имала желба да има можност да посвети време на повисоки духовни аспирации, затоа решила да се повлече во 1908 година и да го предаде на водење Манастирот на нејзината блиска соработничка, мајка Нина. Желбите на првата игуманија сепак не се исполниле во целост, и до нејзиното упокојување имало две игумании во манастирот, кои работеле во совршена заедница една со друга. Мајка Катерина се грижела претежно за духовната страна на животот во манастир, а мајка Нина била ангажирана околу практичните и економските проблеми.

Манастирот бил опкружен со мочуриште што создавало и хигиенски и економски проблеми. Мајка Нина смислила план за одводнување на мочуриштето и поставување на систем за вода кој ќе се користи. Резултатот бил систем на рибници, кои ќе служат како резервоари за наводнување на градини, кои имаат не само практични, но исто така, голема естетска вредност.
Манстирот имал шест цркви. Во величествената катедрала која е посветена на Воздвижение на Крстот, биле сместени чудотворни икони. На некои празници, сите цркви заедно не биле доволни за да ја соберат големата бројка на верници кои понекогаш достигнувала и до 30.000 души. За да се надмине овој проблем, мајка Катрина поставила темели на отворена црква во која олтарот бил под небото, и која немала ѕидови.
Пред Првата светска војна, односно, за помалку од триесет години откако бил основан Манастирот – имало повеќе од 400 монахињи во Лесна, повеќе од 100 вработени, а речиси 700 деца под грижа на манастирот. Заедницата се развила во една голема населба која се наоѓала на околу 120 акри земја (воглавно исцедено мочуриште), имала голема фабрика за млечни производи, една фабрика за сирење, мала пилана, фабрика за тули, голем број на објекти за живеење, училишта и амбуланти кои не служеле само за монашкото општество, но и за околните населенија. Сето ова било постигнато со благословот и благодатта на Богородица.

                                                      Преселувања во Странство
Во 1915 год. како што се приближувал фронтот, било одлучено да се направи евакуација, и сестрите биле подложени на долго и напорно патување во потрага по нов дом. По две години во Св. Петерсбург и четири години во Романија, мајките Катерина и Нина одлучиле да побараат помош од српскиот крал Александар – вистински пријател и заштитник на Русите. Кралот Александар ги советувал да го преместат нивниот манастир во Југославија и да ги продолжат своите достојни подвизи на српска територија.

Во есента 1920 година епископот Доситеј ги пречекал 62-те калуѓерки од Лесна во Белград и го изразил своето задоволство поради фактот што еден манастир бил востановен во земја каде што немало манастири дури од времето на турската окупација. Првите месеци заедницата престојувала во манастирот Куведжин; а потоа се преселила во Хопово каде што останала повеќе од 20 години, до германската окупација.
Хопово, бил изграден во 16 век, се наоѓа во живописна долина меѓу пошумени планини. Како и во Белорусија, на манастирот Лесна главни активности му биле околу гледањето на сирациња, едукацијата на деца, помагањето на оние кои имаат потреба, и се разбира истовремено одржување на монашката традиција.

Во 1925 година, неворојатните и богати достигнувања од земните денови на игуманијата Кетерина тивко дошле до својот крај, и игуманијата Нина продолжила да го води манастирот со целосна одговорност. Иако изнемоштена и со нарушено физичко здравје, таа поседувала прекрасна духовна сила. Животот во Хопово се свел на редовен ритам. Руски и српски жени пристигале и се пронаѓале во новиот и исполнет живот во монашкото општество. Целата атмосфера била исполнета со луѓе кои доагале во Хопово оптоварени со световни страдања, или во потрага по духовно богатство,.

Потоа Втората светска војна со својот терор се ширел како една темнина врз Европа. Хопово живеел со повлекувањето на српската војска и германската окупација. Наскоро хрватски војници ја зазеле сопственоста над манастирот. Во тоа време околните шуми биле полни со партизани – Србите бегале од Хрватите кои се криеле во манастирот, и постојано пукале во шумата, така што монахињите кои работеле во градината, постојано биле изложени на истрелите на огнено оружје.

Хрватите ги принудиле монахињите да работат за нив, а во исто време ги прогонувале на секој можен начин; тие конечно пробале да ги иселат од Хопово сите заедно. Но, Мајката Божја ги заштитувала нејзините: преку интервенција на германските власти заканата за иселување била откажана и монахињите продложиле со својот живот. Зимските тешкотии им отстапиле место на немирната пролет. За време на Страстната седмица комунистите дошле и го опустошиле манастирот и ги уништиле сите објекти со исклучок на црквата – најважниот дел на манастирот бил поштеден. Пријателски настроените срби во околните села им дале сместување на монахињите кои продолжиле да одат на работа во градината на манастирот и да ги вршат службите во црквата. Сето ова продолжува се додека еден ден по Велигден 1943 година, Германците не наредиле нивна евакуација од Србија.

Околу еден месец монахињите биле во карантин, а потоа им бил даден оддел во еден дом за стари лица, кој се наогал во предградието на Белград. Иако некои нашле работа како куќни помошнички сепак нивните приходи не биле доволно големи и монахињите гладувале. Американските воздушни напади биле честа појава во тоа време. Монахињите биле во близина на нивната света икона и се потпирале на заштитата од Небесната Царица, тие не биле повредени откако шест бомби паднале во домот, но ниту една не експлодирала. Германскиот офицер кој дошол со своите војници да ги отстрани неексплодираните бомби, извикал: “Ова е чудо и јас не верував во Бог!”

До крајот на 1944 година зградите на домот, биле многу оштетени поради што не било можно повеќе да се остане таму. Како што се приближувале комунистичките сили, повеќето од белградските руси биле во бегство, (бегалскиот круг за сместување во центарот на градот, бил дом на руски студенти кои избегале) руските студенти ги остивиле нивните домови на монахињите. Благодарение на староста и слабоста на мајка Нина, како и на неколку други монахињи, нивната брза евакуација не била изводлива, и тие останале таму под советска окупација.

Следувале тешки денови, но со помош на Господ и на побожните срби и руси, монахињите се чувале. Тие работеле како слуги или негувателки, давале лекции по веронаука, англиски и француски јазик, воедно грижејки се за старите и изнемоштени лица. Во тие страшни времиња многу семејства биле растргнати, некои од нивните членови биле уапсени или депортирани или лежеле во локалните затвори. Во манастирската црква непрестајно се служеле молебени..

Во 1949 година игуманијата Нина заболела од ангина пекторис, а на нејзино место била ставена игуманија Теодора (Принцезата Лвова) која била во манастирот веке 21 година. Кога животот во Белград станал неподнослив, игуманија Теодора продолжила да бара начини да ја напушти Југославија, и во август 1950 година, манастирската заедница заминала во својата нова држава во Франција.

Во првите четири месеци монахињите од Лесна срдечно и гостопримливо биле примени од некои католички калуѓерки во нивниот манастир во St. Cloud. Потоа се преселиле во Fourqueux, недалеку од Париз, во голема куќа која служела како католичка богословија пред војната. Било вложено многу напор за да се направи добро за живеење. Скапоцена помош, и во работна сила и во материјали добиле од русите кои живееле во Франција, како и од католичките калуѓерки и соседи. Монахињите работеле напорно за да ја посеат градината со овошки. Тие чувале кокошки, кози и имале околу 40 пчелни семејства.

По многу тешкотии, сепак животот во манастирот почнал да тече во нормален тек. Редовните служби, вклучувајќи ги и секојдневните Литургији, се одржувале од страна на јеромонахот Нијандор – кој му служел на манастирот уште во Хопово – и јеромонахот Тимотеј, двајцата од манастирот од Валаам. Понекогаш владиците Леонтиј и Натанаил, а подоцна архиепископ Јован (Максимович) и Антони (Женева и Западна Европа) служеле во црквата во Fourqueux.

олтар

                                                                   Лесна Денес

Но, талкањата на манастирот на Пресвета Богородица од Лесна , се уште не биле при крај, се чинело дека Богородица не сакала Fourqueux да биде нејзин постојан дом. Семинаријата била вклучена во програмата за урбаниот развој, која го лишувала манастирот од градината која им била многу потребната. Во пролетта 1967 година нов дом бил формиран во Provemont, околу 65 милји од Париз, во форма на замок со околни згради кое било голема радост на монахињите, тука била вклучена и 200-годишната католичка црква, сето тоа лежело на земјиште од 30 акри. Повторно многу напор бил вложен да се донесат зградите во ред, особено црквата која била запоставена.
Во октомври истата година, чудотворната икона била свечено однесена во новиот дом -во големата сала на замокот, која била претворена во капела бидејки обновата на црквата се уште не била завршена. Помалку од една година покасно, сепак на празникот на иконата од Лесна, црквата била осветена од страна на Архиепископот Антониј од Западна Европа.
Под заштита на својата света икона манастирот го продолжил циклусот на служби. Вечерната се читала во 4:30 часот во мал параклис во главната куќа. Литургија се служела секојдневно од страна на архимандритот Арсениј. Утрената се одржувала во 5:00 часот. Овие служби се одржувале во големата црква која е украсена со икони во античкиот руски стил, заслуга на една од калуѓерките, Мајка Флавиана (упокоена). Вечерна се служела во малата капела, а после тоа била вечерата. Сите служби се вршеле на црковнословенски јазик.
Манастирот има големи градини со овошје и зеленчук и со уредно исечени грмушки и разни цветови. Игуманијата ги благословувала послушанијата во куќата за гости. Сестрите исто така, се грижеле за пчели и кокошките, прават просфори, шијат одежди, цртат икони и се борат во канцеларијата со најновите бирократски документи испратени од страна на социјалистичката француска влада. Гостите имаат заедничка трпеза со сестрите три пати на ден.
Во декември 1976 година, по подолго боледување, Игуманија Теодора се упокоила, и мајка Магдалена, нејзина духовна ќерка и помошничка веке 20 години, станала четврта игуманија на манастирот. Под нејзиното строго но љубовно водство манастирот продолжува со своите вековни традиции, и станува духовен центар кој се грижи за потребите на голем број верници од сите делови на светот. Некои доаѓаат на служби; некои доагаат за духовно надградување и освежување, или едноставно да се избега од бесцелното трчање од надворешниот свет.

монахини

Лесна има неколку врски со минатото, иако духовните врски остануваат. Последната монахиња што влегла во манастирот, додека манастирот бил всушност во Лесна починала во 1983 година . Само две монахињи има кои влегле во Хопово. Постојат осум замонашени монахињи (мала схима); пет расофорни монахињи и четиринаесет искушенички- вклучувајќи сестри од Германија, Англија, Австралија, Советскиот Сојуз и САД.
Иако можеби е претерано да се алудира за целосна монашка преродба, се уште може да се “види јасно плодот на семето засадено во Лесна: иако раселени сериозно намалени, па дури и пробиени надолу, манастирот ги чува своите корени недопрени и продолжува да цвета пред Бога, дури и во нашето време на духовна суша.
Превод од англиски И.Г

Мајката Божја ја Благословува гостоприемливоста

                                                одигитрихја     

                Икона Пресвета Богородица Одигитрија (Патеводителка)

                                                       Современо Чудо

Во спомен на обележувањето на славата на Иконата на Пресвета Богородица Одигитрија(Патеводителка) (20 Јуни)

Старица Макрина, Игуменија на манастрирот Панагија Одигитрија (Пресветата Патеводителка) во Волос, Грција беше надарена со многу умешности кои произлегуваа од нејзиниот аскетски живот, во кој Христос беше нејзиниот центар.

Како прво и најважно, таа се истакнуваше со нејзината гостопримливост и дарежливост.

Таа им помагаше на многу луѓе кои беа во неволја и кои за тоа имаа потреба.
Постојано не’ поттикнуваше да помагаме: “Пресветата не не’ напушта. Ако и дадеме нешто – Мајката Божја стократно ќе ни врати  доколку имаме вера во неа! Што и да дариме од домот на Мајката Божјата тоа е благослов од неа. Затоа милоста на нашата Богородица не’ зајакнува и ни помага”.

 

пиџ

* * *
Гостопримливоста на старицата беше очигледно во случајот со скромниот јеромонах кој го посети манастирот со 50 верници поклоници од Солун, кои побараа да останат преку ноќ, за да учествуваат во Литургијата во Недела. Иако беше невозможно да се обезбеди сместување за толку многу луѓе, старицата ја зеде одговорноста да обезбеди храна за секој и намести кревети во трите слободни соби за одмор на гостите. Старицата беше загрижена бидејки не можеше да им обезбеди удобност на гостите онака како што сакаше, и затоа реши да си направи целовечерно бдение за да учествува во нивната неудобност. Кога се симна  во Црквата наредното утро, свештеникот и верниците дотрчаа до неа да и се заблагодарат затоа што поминала цела ноќ одејки мегу нив и покривајки ги за да не им студи. Старицата им одговори дека цела вечер не ја напуштила нејзнината келија.
Тогаш тие сватија дека тоа беше чудо на Мајка Божја ( Панагиа Одигитрија) и  попладнето пред да заминат тие се помолија и го пееја тропарот во нејзина чест.
* * *
Старица Макрина Ваополулу (1921-1995),, Зборови од нејзното Срце (Volos: Ekdoseis Hieras Mones Panagias Hodegetrias, 2012).

Превод:И.Г.

✣✤✣ За грижењето за душата ✣✤✣

Loretta_Hoffman_Guardian_Angel_1

Човекот во тело е сличен на запалена свеќа. Свеќата треба да изгори, а човекот да умре. Меѓутоа, душата е бесмртна и нашата грижа треба да биде поголема за душата отколку за телото: “Оти каква  полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?”(Mарко 8.36; Матеј 16.26), за која, како што е познато, ништо во светот не може да послужи за откуп? Ако душата само по себе е поскапоцена  од целиот свет и од светското царство, тогаш секако од него неспоредливо поскапо е Царството Небесно. Душата ја сметаме  за поскапоцена од се затоа што Бог, како што вели Макариј Велики, благоволи да општи со човекот и со Својата духовна природа, меѓу сите видливи созданија, да се соедини единствено со неа, бидејки го засака повеќе од сите свои созданија(М.Велики. Слово за слободата на умот, гл.32).

Василиј Велики, Григориј Богослов, Јован Златоуст, Кирил Александриски, Амвросиј Медиолански и други отци, од девството па до крајот на животот биле девственици. Целиот нивен  живот бил обратен кон грижата за душата а не за телото. Така и ние треба  целата своја грижа да ја насочиме кон душата, а телото треба да се поддржува само за да помага во поткрепувањето на духот.

Од “Духовни поуки” – св.Серафим Саровски

  1. ✣✤✣ За Бога ✣✤✣
  2. ✣✤✣ За тајната на Света Троица ✣✤✣
  3. ✣✤✣ За надежта ✣✤✣
  4. ✣✤✣ За љубовта кон Бога ✣✤✣
  5. ✣✤✣ Против непотребната грижа ✣✤✣
  6. ✣✤✣ За грижењето за душата ✣✤✣

✣✤✣ Против непотребната грижа ✣✤✣

a-kosnichyov-a-monk-2006-e1269700874883.jpg

Преголемата грижа за житејските работи е својствена за човек кој е неверник и малодушен. Тешко нам, ако грижејки се за себе, не се утврдиме во надежта во Бога, Кој се грижи за нас! Ако видливите добра кои ги користиме во овдешниот век не Му ги принесеме нему, како може од Него да ги очекуваме оние богатства кои се ветени во иднината? Да не бидеме толку маловерни, туку да го бараме најнапред царството на Бога… и се ова ке ни се придодаде, според зборовите на Спасителот(мат.6,33).

Подобро за нас е да го презираме она што не е наше, т.е. времено и минливо и да го сакаме нашето, т.е. нетрулежност и бесмртност. Бидејки, кога ќе станеме нетрулежни и бесмртни, ќе се удостоиме со видливо богосогледување, слично на апостолите при божественото преображение и ќе учествуваме во  надумното соединување со Бога, слично на небесните умови. Бидејки ќе бидеме слични со ангелите и со синовите Божји, станувајки синови на воскресението (Лука 20,36).

Од “Духовни поуки” – св.Серафим Саровски

  1. ✣✤✣ За Бога ✣✤✣
  2. ✣✤✣ За тајната на Света Троица ✣✤✣
  3. ✣✤✣ За надежта ✣✤✣
  4. ✣✤✣ За љубовта кон Бога ✣✤✣
  5. ✣✤✣ Против непотребната грижа ✣✤✣

 

✣✤✣

OTAC SIMEON SRBIN

За време на деновите на Великиот пост не се служат литургии освен Преждеосвештената литургија поради следната причина: Литургијата е победоносна химна на христијанството, а постот – време на плач и покајание.

(Преподобен Никон Оптински)

✣✤✣
Прогонете го непријателот и искушувачките зли помисли со молитвата: “Господи, Иисусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот”.

(Преподобен Нектариј Оптински)

✣✤✣
За исправање на тешките гревови и добивање на блаженство во задгробниот живот треба да поднесеме се’ со благодарност кон Бога.

(Преподобен Јосиф Оптински)

✣✤✣
Некои мисли може да ни изгледаат благи и вистинити, но ако водат до смут, тоа е јасен знак дека доаѓаат од противникот и според Евангелските зборови тие се нарекуваат волци во овчи кожи. Правилните помисли и расудувања ја успокојуваат душата

(Преподобен Амвроси Оптински)

✣✤✣
Патот кон смирението е: да не си веруваш на себеси, да не го следиш својот разум и волја; без смирението и доброто што сме го направиле нема да Му е пријатно на Бога.

(Преподобен Макариј Оптински)

✣✤✣
“Царството Божјо е внатре во вас”, ни кажал Господ (Лк. 17.21), тоест, в срцето… и треба да го бараме в срцето, додека го чистиме од страстите и понудите на непријателите и не осудувајки и прекорувајки никого.

(Преподобен Макариј Оптински)

✣✤✣
Од длабочината на Својата тајна мудрост Господ Бог не секогаш ги исполнува нашите просби, туку времено ги одложува, но ништо добро што е извршено во Негово име не останува без награда. Ако не ги награди мајката и таткото, тогаш штедро ќе ги награди децата и нивните потомци, зашто нашиот Господ е праведен и во Него нема неправда.

(Преподобен Анатолиј Оптински)

✣✤✣ СЕДМА ЗАПОВЕД ✣✤✣

2086549905_9170c6858d

1 .Плаши се, рече, од Господа и држи се за Неговите заповеди. а држејки ги Божјите заповеди, ќе бидеш силен во секое дело, и твоето дело ќе биде извонредно. Зашто, плашејки се од Господа, се ќе правиш добро; тоа е (единствениот) страв што треба да го имаш, и ќе се спасиш. (1)

2. А од ѓаволот немој да се плашиш, зашто ако се боиш од Господа, ќе го надвладееш ѓаволот, зашто во него нема сила.  А кај оној што нема сила, нема ни страв (од него);  во кого пак има славна сила,има и   страв во него (од него). Зашто секој што има моќ, има и страв (од него);  а оној што нема моќ, сите го презираат.

3. Но, плаши се од делата на ѓаволот и нема да ги твориш, туку ќе ги избегнуваш.

4. Значи, има два вида на страв:  ако сакаш да правиш зло, бој се од Господа, и нема да правиш;  ако пак сакаш да правиш добро, повторно плаши се од Господа, и ќе го правиш. Толку е стравот Господен моќен и голем и славен. Затоа, бој се од Господа и ќе живееш во Него; а и сите што се бојат од Него и ги запазуваат Неговите заповеди, ќе живеат во Бога.

5. Зошто, Господине, реков јас, за оние што ќе ги запазуваат Неговите заповеди  велиш: ќе живеат во Бога? Затоа што, вели тој, целата твар се бои од Господа, но не ја запазува (секоја) Негова заповед. Според тоа, само оние што се бојат од Него и ги запазуваат Неговите заповеди, тие имаат живот кај Бога, додека оние што не ги запазуваат Неговите заповеди, немаат живот во себе.

 

_________

(1) основната библиска вистина: дека “стравот од Господа е почеток на мудроста”(Псалм 111,10); Изрек. 1,7 и 9,10; Jov 28,28) овде е јасно посведочена. Тој страв од Господа всушност е живата вера. “За бестрасниот Бог стравот е исто така бестрасен; зашто човекот не се плаши од Бога, туку од тоа, да не отпадне од Бога. Таквиот страв води  кон покајание и надеж”(Св.Климент александриски, Стромата 2,8)

 

  1. ✣✤✣ ПРВА ЗАПОВЕД И ВТОРА ЗАПОВЕД✣✤✣
  2.  ✣✤✣ ТРЕТА ЗАПОВЕД ✣✤✣
  3.  ✣✤✣ ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД (I дел) ✣✤✣
  4.  ✣✤✣ ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД (II дел) ✣✤✣
  5.  ✣✤✣ ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД (III дел) ✣✤✣
  6. ✣✤✣ ПЕТТА ЗАПОВЕД (I дел )✣✤✣
  7. ✣✤✣ ПЕТТА ЗАПОВЕД (II дел) ✣✤✣
  8. ✣✤✣ ШЕСТА ЗАПОВЕД ✣✤✣
  9. ✣✤✣ СЕДМА ЗАПОВЕД ✣✤✣

✣✤✣ ШЕСТА ЗАПОВЕД ✣✤✣

3185777657_e44fc8134a_o

I

1. Ти заповедав, вели тој, во првата заповед да ги чуваш верата и стравот (Божји) и воздржливоста. Да, велам, Господине. Но сега, вели, сакам да ти ја покажам и нивната моќ, да сватиш која од нив каква моќ и дејство има, затоа што нивните дејствија се двојни, т.е. се однесуваат праведно и неправедно.

2. Ти пак, верувај на праведното, а на неправедното не верувај. Зашто праведното има прав пат, а неправедното крив (пат); но ти оди по правиот и рамен пат,а кривиот остави го.

3. Затоа што кривиот пат нема патеки, туку многу беспаќа и препреки, и е груб и полн со трње. Значи тој е штетен за оние што одат по него.

4. Тие пак, што одат по правиот пат, одат нормално и без препнување, затоа што (тој пат) не е груб ниту пак, полн со трње. Значи гледаш дека е покорисно да се оди по тој (прав) пат.

5 Ми се допаѓа, Господине, реков јас, да одам по тој пат. Оди, вели тој, и (секој) што од сесрце ќе се обрати кон Господа, ќе оди по него.

II
1. Слушај сега за верата, ми рече тој. Два ангела има со човекот, еден (ангел) на праведноста, а друг (ангел) на злото (Јерем. 24,7).
2. Како Господине, реков јас, ќе ги распознаам нивните дејства, бидејки и двата ангела престојуваат со мене? Слушни, вели тој, и разбери.
3. Ангелот на праведноста е тивок и скромен и кроток и мирен. Значи, кога тој ќе ти дојде на твоето срце, веднаш со тебе ќе разговара за праведноста, за чистотата (целомудреноста), за честитоста, за малите задоволства (за умереноста), и за секое праведно дело, и за секоја славна добродетел. Кога се ќе ти дојде на твоето срце, знај дека со тебе е ангелот на праведноста. Значи, ова се делата на ангелот на праведноста, затоа верувај му нему и на неговите дела.
4. Гледај ги сега и делата на ангелот на злото. Тој пред се е гневлив и горчлив и нерасуден (безумен), и неговите дела се зли, кои ги упропастуваат Божјите слуги. Значи, кога ќе ти дојде тој на твоето срце, познај го по неговите дела.
5. Како господине, велам јас, ќе го сватам него, не знам. Слушај како, вели тој. Кога ќе те нападне некоја гневливост или горчина, знај дека тој е во тебе. Потоа: желбите за многу работи, и луксузите за многу јадења и пиења и разните опојни пијалоци и различните и неприлични задоволства, и похотите кон жените, и лакомствата, и големата гордост и надменост, и се што е слично и блиско на тоа; значи, кога сето тоа ќе ти дојде на срце, знај дека во тебе е ангелот на злото.
6. Затоа ти, откако ќе ги познаеш неговите дела, бегај од него и не му верувај ништо, зашто неговите дела се зли и штетни за Божјите слуги. Според тоа, ако имаш дејства од двата ангела, свати ги, и верувај му на ангелот на праведноста,
7. а бегај од ангелот на злото, зашто неговото учење е лошо во секое дело. зашто, ако некој биде и најверен човек, и ако му дојде помислата од овој ангел (на злото) на неговото срце, тогаш, се случува тој човек или таа жена да згрешат.
8. Ако повторно некој човек или жена бидат многу зли, и им дојдат на срцето делата на ангелот на праведноста, тој неизбежно треба да направи нешто добро.
9. Значи, гледаш, ми рече тој, дека е добро да се оди по ангелот на праведноста, а да се одречеш од ангелот на злото.
10. Значи, тоа што се однесува на верата, тоа го покажува оваа заповед, за да веруваш на делата на ангелот на праведноста и, правејки ги, да живееш по Бога. Верувај пак, дека делата на лошиот ангел се лоши и ако не ги правиш, ќе живееш по Бога.

продолжува..

Извадок од: “Пастир” на св.ап.Ерм

  1. ✣✤✣ ПРВА ЗАПОВЕД И ВТОРА ЗАПОВЕД✣✤✣
  2.  ✣✤✣ ТРЕТА ЗАПОВЕД ✣✤✣
  3.  ✣✤✣ ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД (I дел) ✣✤✣
  4.  ✣✤✣ ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД (II дел) ✣✤✣
  5.  ✣✤✣ ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД (III дел) ✣✤✣
  6. ✣✤✣ ПЕТТА ЗАПОВЕД (I дел )✣✤✣
  7. ✣✤✣ ПЕТТА ЗАПОВЕД (II дел) ✣✤✣
  8. ✣✤✣ ШЕСТА ЗАПОВЕД ✣✤✣

 

✣✤✣ За љубовта кон Бога ✣✤✣

01-1024x680

Оној кој стекнал совршена љубов кон Бога, во овој живот постои каковоопшто да не постои. Бидејки тој смета дека е туѓ за се видливо, со трепет очекувајки го невидливото. Тој целиот се преобразил во љубов кон Бога и ја заборава секоја друга љубов. Којс е сака себеси не може да го сака Бога, а кој не се сака себеси заради  љубовта кон Бога – го љуби Бога.

Оној што вистински го сака Бога се смета  за странец и поминувач на земјата, бидејки со душата и со умот во својот стремеж кон Бога Го согледува Него единствениот.

Душата што е исполнета со љубов Божја, за време на своето излегување од телото нема да се плаши од воздушниот кнез, туку заедно со ангелите ќе полета како од туѓа земја во татковината.

“Духовни поуки” св.Серафим Саровски
продложува…

  1. ✣✤✣ За Бога ✣✤✣
  2. ✣✤✣ За тајната на Света Троица ✣✤✣
  3. ✣✤✣ За надежта ✣✤✣
  4. ✣✤✣ За љубовта кон Бога ✣✤✣

✣✤✣ За мене светот е распнат… ✣✤✣

10696169_863562953684300_6176768943082554928_n

А мене да не ми даде Господ да се фалам, освен со крстот на Госпдоа нашиот Иисус Христос, преку кого за мене светот е распнат, и јас за светот (Гал.6.14), вели светиот апостол Павел. Сакав да ви појаснам што мисли Апостолот кога вели: преку кого за мене светот е распнат, и јас за светот. Зашто, за сите кои по исповедта и светата причест тргнале по патот на распнување на плотта со страстите и сладострастијата, неопходно е да имаат раководни укажувања во тоа тешко дело, за да дејствуваат по директен и правилен начин. А едно од првите укажувања се содржи во приложените зборови на светиот Апостол, и вие ќе го имата кога ќе разберете што значи светот да се распне за нас и ние да се распнеме за светот.

За раководење при објаснувањето на тоа место да ги земеме мислите на преподобниот Авва Доротеј од неговара поука за одрекувањето од светот. Тој тоа место го објаснил на монасите, но така што неговото објаснување можеме да го приложиме и кон мирјаните. Тој вели дека кога човекот се одрекува од светот, тој го остава домот, родителите, роднините, имотот, селото или градот, оди во манастир и станува монах – тогаш тој може да каже: “За мене светот, т.е. гревовноста во светот е распната. За мене светото – неговата гревовност не постои, таа останува далеку зад манастирските ѕидини. Јас го оставив и тој не ме гледа по улиците, ниту по плоштадите, ниту на своите беседи, ниту во каква и да е друга своја работа. За мене светот – гревовноста во светот се распна, умре како да ја нема”. Но говорејки така, монахот, кој се скрил од светот и неговите видливи соблазни зад манастирските ѕидини, може сам во себеси, во своето срце да живее за светот, да ја зачува световната пристрасност и седејки во келијата, да мисли за светот т.е. за гревовноста во него и неговата убавина и мислено да се насладува со неговите утехи. А кога со Божја помош, знаејки ја силата на монашките завети, не само надворешно го остави светот, одделувајки се од него преку манастирската ограда, но и внатре во срцето ја угасне секоја приврзаност кон него, секоја пријатност со него, и дури секоја мисла за него, тогаш може да каже дека не само што светот се распнал (умрел) за него, но и тој за свет, т.е дека и тој веќе не живее за светот. Во неговото срце има други мисли, други чувства и расположенија, тој живее за другиот свет, подобар и посовршен, а за овој се распнал (умрел).

Мислам дека го разбирате тоа појаснување. Но заедно со тоа, претпоставувам дека вие сте готови да отстраните од себеси секакво задолжение кое би ве обврзувало преку објаснетите зборови на Апостолот, велејки: “Тоа одговара за монасите, за кои светот е распнат (умрен) и тие за светот, но не одговара за нас мирјаните”. – Не, не е така, браќа! Апостолот дал закон за сите христијани и сите ги задолжил така да се устројат во себеси, та секој да може да каже: “За мене светот е распнат (умрен) и јас за светот!” Ете, видете како тоа може и треба да се случи и во нас.

Обрнете внимание дека со зборот свет не се означува човечкиот соживот, житејските работи, туку се што е гревовно, порочно, богоодбивно. Светот е тоа во кое владеат сладострастието на плотта, сладострастието на очите и житејската гордост, или, каде што владее секој грев. Во таа смисла на зборот: за мене светот е распнат и јас за светот ќе значи истото, дека за мене секој грев е распнат (умрен) и јас сум распнат (умрен) за секој грев. Како и кога се случува тоа?

Најнапред забележете дека во секој грев има две страни: од едната страна тоа се гревовните дела, а другата – гревовната страст. Страста е извор и причина за гревовните дела, а делата се производ и израз на страста. така, на пример, гневливоста е гревовна страст која живее во срцето, а делата преку кои се изразува се’: избувнување на гневот, кавги, спорови, тепачки, убиства, војни. една страст, а колку многу дела! И сите произлегуваат само од неа. Така исто, сладострастието, или чувственоста е гревовна страст кон чувствени задоволства, а нејзини дела се’: лакомоста, пијанството, оргии по меани, по веселби, по ноќни клубови и тн. Истото се однесува и за секоја страст. Секоја страст е една во срцето, а надвор се пројавува преку многу дела.

После ова за вас не е тешко да разберете како се случува гревот во светот да се распне (да умре) за нас, и како се случува ние да се распнеме (да умреме) за гревот во светот.

Кога некој ги напушта гревовните или порочните дела, тогаш гревот во светот се распнува за него, а кога некој во себе ќе ја задуши и искорени самата гревовна страст, тогаш и тој се распнува за гревот во светот. На пример, кога некој ќе ги напушти веселбите, меаните, пировите и т.н.. така што никој да не го види во никакви несоодветни дела и места, а секогаш сите да го гледаат во добро поведение и сериозен – тоа значи дека гревот или светот во тој негов дел умрел за него, или се распнал за него. Но сеуште не можеме да кажеме со сигурност дека и тој се распнал (умрел) за гревот, или за светот. Зашто, макар и телесно да отсуствува од тие дела или места, тој може да биде таму со срцето и со умот. Можеби не е со телото во меаната, но тој може да биде таму со срцето и со умот, може да мисли и да посакува да биде таму и со насладување да си вели: “Колку убаво би си поминал таму”. Во сите тие и слични такви случаи, макар гревот или светот да се распнал (умрел) за него, самиот тој сеуште не се распнал (умрел) за гревот или за светот, уште го љуби, уште го посакува и му е пријатен. Тој се преодолеал себеси до толку, доколку може да ги одбегнува гревовните дела, да му се одбивни и да ги мрази. Пред Бога тој сеуште е светољубец или гревољубец. Зашто Бог гледа не само на делата, туку најмногу на срцето. Ете зошто ние треба да се одделиме не само до гревовните и порочни дела, туку и да ги преодолееме и да ги задушиме самите страсти, така што да не се насладуваме на никакви порочни предмети и дела, туку да се одвраќаме и гнасиме од нив. И кога некој ќе ја достигне таа состојба, кога не само не би ги вршел гревовните дела, туку во себеси би го задушил и пристрастувањето кон нив, тогаш тој за себеси би можел да каже дека и тој се распнал (умрел) за светот – гревовноста во светот.

И така, ставете ги на една страна сите гревовни и порочни дела, а на друга – гревовните страсти и кажете си: кога ќе ги напуштиме сите порочни дела, тоа ќе значи дека светот се распнал за нас, а кога ќе ги изгаснеме и самите страсти во нас, тоа ќе значи дека и ние сме се распнале за светот.

Ете во која смисла може да се приложи заповедта и кон вас мирјаните, та за вас светот (неговата гревовност) да биде распнат, а и вие за светот. Првото се пројавува во тоа што порочниот човек го напушта развратниот , лош и срамен живот и започнува да живее сериозно, поправајки го своето поведение. А второто се пројавува во тоа што не го поправаме само поведението, туку и чувствата на нашето срце ги држиме исправени, чисти и богопријатни. Првото е полесно, второто е потешко. Ете зошто, не секој кој има добро надворешно поведение, има и чисто срце.

Тоа е причината што Апостолот не застанал само на распнувањето на светот, или гревот за нас, туку го додал и нашето распнување за светот. Како да вели дека не е доволно што твоето надворешно поведение е добро. Влези во срцето, преиспитај ги таму чувствата и расположенијата, и направи ги чисти свети и богоугодни. Таа апостолска заповед се’ исполнува од оној кој влегувајки во себеси, го устремува својот ум кон Бога и созерцувајки Го, преку мислата за Него, ја испитува справедливоста на секоја своја мисла и чувство и прогонува се што е лошо и богоодбивно. Кој има синовски страв пред Бога, тој строго внимава врз себеси и навреме го отсекува секое нечисто расположение, кое сопатува, претходи или ги завршува неговите дела и на тој начин го очистува секое дело и го принесува чисто пред Бога, како непорочна жртва и мрсна сепаленица.

Што ќе избереме ние? Треба да го избереме и едното и другото. Оној кој се забркал во порочни дела, нека ги отфрли и нека го поправи своето пведение. Оној кој го поправил своето поведение, да не запира тука, но да влезе во себеси и да го поправи своето срце така што ќе ги изгасне страстите во него, кои и доброто поведение на првите го прават лошо пред лицето на Бога, Кој го гледа срцето и преку него го оправдува или го осудува човека. Тогаш секој од нас може заедно со апостолот да каже: за мене светот е распнат, и јас за светот. Амин.

продолжува..

извадок од: Духовно огледало – Слова за покајанието и постот за време на Светата Четириесетница – Св. Теофан Затворник
превод: Агапиј Тивериополски

  1. ✣✤✣ Недела на митарот и фарисејот ✣✤✣
  2. ✣✤✣ Вратите на покајанието ✣✤✣
  3.  ✣✤✣ Неделата на Блудниот син ✣✤✣
  4.  ✣✤✣ Будење на грешникот ✣✤✣
  5.  ✣✤✣ Страшниот суд ✣✤✣
  6.  ✣✤✣Згрешив, нема повеќе да грешам! ✣✤✣
  7. ✣✤✣ Ете ден за спасение! ✣✤✣
  8. ✣✤✣ Без труд (подвиг) никој не влегол во Царството Божјо! ✣✤✣
  9. ✣✤✣ Сојуз помеѓу срцето и Бог ✣✤✣
  10. ✣✤✣ Исповед ✣✤✣
  11. ✣✤✣ Достојно да се слееме во Господа ✣✤✣
  12. ✣✤✣ Тој е’ Кој дејствува, Тој е’ Кој се раздава, Тој е’ Кој раздава ✣✤✣
  13. ✣✤✣ Господ – нашето се’! ✣✤✣
  14. ✣✤✣ Кој ќе ме одвои од љубовта Божја? ✣✤✣
  15. ✣✤✣ Господ живее во нас ✣✤✣
  16. ✣✤✣ Христос – Лозата на животот ✣✤✣
  17. ✣✤✣ Плодови на преславното Таинство ✣✤✣
  18. ✣✤✣ Границите на Божјото милосрдие ✣✤✣
  19. ✣✤✣ Духовни средства ✣✤✣
  20. ✣✤✣ Првобитниот и придојдениот ✣✤✣
  21. ✣✤✣ За мене светот е распнат… ✣✤✣